Објавени „забивачите“ на Ол стар викендот |
Објавени „забивачите“ на Ол стар викендот
Дерик Вилијамс, Пол Џорџ, Иман Шумперт и Чејс Бадинџер за прв пат ќе земат учество на натпреварот во забивање на Ол стар викендот кој ќе се одржи следната недела во Орландо.
| « врати се назад |

Дерик Вилијамс од Минесота Тимбервувлс, Пол Џорџ од Индијана Пејсерс, Иман Шумперт од Њујорк Никс и Чејс Бадинџер од Хјустон Рокетс ќе се натпреваруваат за признанието за најдобар забивач во НБА лигата.
Освен тоа што сите натпреварувачи за прв пат ќе учествуваат на овој натпревар, новитет оваа година е и тоа што најдобриот забивач оваа година ќе биде избран само од гледачите. Тие освен преку СМС и вебстраната на НБА, своите гласови ќе можат да ги дадат и преку Твитер.
Актуелен освојувач на ова натпреварување е Блејк Грифин, но тој оваа година нема да ја брани титулата "крал на забивање".
























