МЗТ реди победи, Работнички порази |
МЗТ реди победи, Работнички порази
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија победничката серија совладувајќи го Торус СЦБТ, Работнички загуби на гостувањето кај шампионот Фени, а Лирија ги елиминираше шансите на Куманово за плејофот.
| « врати се назад |

На интересен натпревар полн со пресврти, кошаркарите на МЗТ успеја да стигнат до победата од 70:65 над Торус со подобра игра и серија од 5:0 во последните три минути.
Најдобар на паркетот беше Никола Вучуровиќ со 16 поени, 9 скокови и 4 асистенции, а Тодор Гечевски имаше учинок од 14 поени и 8 асистенции. Најефикасен кај гостите беше Ивица Димчевски со 13 поени и 6 скокови.
Актуелниот шампион Фени Индустри, предводен од расположениот Џарид Фрај, славеше на домашен терен против Работнички со 87:70.
Фрај имаше одличен учинок од 23 поени, 8 асистенции и 7 скокови, за Работнички не помогнаа ниту 26 поени од Немања Јелесијевиќ.
Лирија и Куманово одигра исклучително изендачен натпревар кој решаваше за четвртото место, последно што води во плејофот. На крајот славеа домаќините со 98:92.
























