Ads

Линоманијата руши рекорди

Линоманијата руши рекорди

Џереми Лин оствари рекордни 13 асистенции и ги предводеше Никс до седмата победа по ред. Свое шоу имаше Тони Паркер кој со 34 поени му ја донесе деветтата победа на Сан Антонио.

Линоманијата руши рекорди

Шоуто на Џереми Лин продолжува. Тој постигна само 10 поени, но оствари рекордни во неговата кариера 13 асистенции и им помогна на Њујорк Никс да ја забележат и седмата победа во серија. Њујорк на домашен терен славеше со 100:85 над Сакраменто Кингс, а најефикасни беа Филдс со 15 поени и 10 скокови кај домаќините и Еванс со 19 поени за Кингс.

На првите пет натпревари кои Лин ги одигра во првата петорка за Њујорк, тој постигна вкупно 136 поени што претставува нов рекорд во НБА од спојувањето со АБА лигата во 1976-та година.

Линоманијата ги руши и финансиските рекорди. Њујорк Никс соопштија дека продажбата на неговиот дрес за само неколку денови се зголемила за 3.000%.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Тони Паркер одигра одличен натпревар за Сан Антонио Спарс при победата со 106:113 над Торонто Рапторс. Тој реализираше 34 поени и 14 асистенции и на својот тим му ја донесе деветтата победа по ред. Најефикасен кај домаќините беше Дерозан со 29 поени, а Калдерон имаше учинок од 16 поени и 11 скокови.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Торонто – Сан Антонио 106:113
Орландо – Филаделфија 103:87
Бостон – Детроит 88:98
Њу Џерси – Мемфис 100:105
Њујорк – Сакраменто 100:85
Кливленд – Индијана 98:87
Милвоки – Њу Орлеанс 89:92
Хјустон – Оклахома 96:95
Минесота – Шарлот 102:90
Далас – Денвер 102:84
Феникс – Атланта 99:101
Голден Стејт – Портланд 91:93
ЛА Клиперс – Вашингтон 102:84


16. Февруари 2012 - 9:54
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk