Ads

"Имај срце, дарувај" ја оствари целта

"Имај срце, дарувај" ја оствари целта

Хуманитарниот натпревар што вчера се одржа во салата „Градски Парк“ во Скопје ги исполни очекувањата, а кошаркарски ѕвезди ја промовираа хуманоста и поддршката на оние на кои им е најпотребна.

"Имај срце, дарувај" ја оствари целта

Македонските херои од Литванија, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Ивица Димчевски, заедно со Кирил Николовски, Горан Самарџиев, Диме Тасовски, Јане Петровски и Горјан Марковски одиграа одличен натпревар, полн со кошеви, атракции и цепелини против странците што настапуваат во Македонската Прва лига (Џастин Рејнолдс, Џеремаја Босвел, Карлос Морбан, Мавел Солер, Брендон Кол, Владимир Зујовиќ, Милош Павловиќ, Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Филиповиќ).

Резултатот беше во втор план, но заврши 134:110 за кошаркарите од Македонија, а победи хуманоста и поддршката за децата од СОС детското село.

Универзитетот ФОН, кој поддржан од МКФ и Американската амбасада го организираше овој настан, ги донираше сите собрани средства и се заблагодари на сите кои придонесоа со желба да се помогне на оние кои им е најпотребно. "Убаво е чувството кога ќе можете да помогнете. Да бидете заедно со голем број дечиња на кои им е потребна само љубов, а ние сме тука подготвени да дариме љубов. Прекрасно е кога ќе ги видите сите овие насмеани лица", изјави Перо Антиќ по натпреварот.

Инаку, покрај собраните средства од продадени влезници, во хуманитарната акција „Имај срце, дарувај!“ средства се собираа и преку телефонски повици во текот на натпреварот, од страна на некои македонски музички и спортски ѕвезди.


27. Декември 2011 - 12:22
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk