Ads

Гасол го запре Бостон

Гасол го запре Бостон

Во дерби натпреварот на вечерта во НБА лигата, кошаркарите на ЛА Лејкерс славеa на гостувањето против Бостон со 88:87 во продолжение.

Гасол го запре Бостон

Најголемите заслуги за триумфот на Лејкерси одат кај По Гасол, кој прво избори продолжение, а потоа го блокираше шутот на Реј Ален за победа.

Шпанскиот центар мечот го заврши со 25 поени и 14 скока, додека Коби Брајант уфрли 27 коша.

Во составот на Бостон, кој ја прекина серијата од пет триумфи по ред, Реј Ален реализира 22 коша, а Пол Пирс беше стрелец на 18 поени.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Сакраменто го изненади најдобриот тим во лигата Оклахома и го совлада со 106:101. "Кралевите" последните девет поени ги постигнаа од линијата за слободни фрлања. Тајрик Еванс забележа 22 поени, а Демаркус Казинс го следеше со 19 поени и девет скока.

Расел Вестбрук постигна 33 поени за Тандерс, но имаше седум загубени топки, од кои една во самиот финиш што влијаеше за поразот на неговата екипа. Кевин Дурент даде 27 поени, а Серж Ибака не се истакна кошгетерски, но затоа имаше неверојатни 10 блокади.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Хјустон беше подобар во дуелот со Феникс и триумфира со 96:89. Рокетси ја остварија третата последователна победа благодарение на играчите од клупата кои постигнаа вкупно 57 поени. Луис Скола беше најпрецизен со 16 коша.

Во Феникс се истакна Ченинг Фрај со 21 поен и 10 скока.

Денвер влезе во серија порази (петти во низа), откако загуби на домашен терен од Голден Стејт со 101:109. Одлична партија прикажа Стивен Кари со 36 поени и по седум скока и асистенции.

Бостон - ЛА Лејкерс 87:88 (во продолжение)
Денвер - Голден Стејт 101:109
Феникс - Хјустон 89:96
Сакраменто - Оклахома 106:101


10. Февруари 2012 - 10:04
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk