Гасол блиску до заминување од Лејкерс |
Гасол блиску до заминување од Лејкерс
По Гасол е блиску до заминување од екипата на ЛА Лејкерс, пренесува шпанскиот весник АС.
| « врати се назад |

Според информациите, Лејкерси само чекаат вистинска понуда за да го продадат шпанскиот центар.
"Има многу гласини. Сега читам дека Минесота е заинтересирана да направи квалитетен тим со мене на чело. Но мене ми делува дека Лејкерси ја чекаат вистинската понуда за да ме продадат", изјави Гасол за ЕСПН.
Пред почетокот на сезоната Гасол требаше да биде вклучен во трампа со која ќе се преселеше во Хјустон. Но тогаш шпанскиот репрезентативец беше среќен што не се реализира тој трансфер.
"Одлуката не е во мои раце. Сакам да останам во Лос Анџелес и да му помогнам на тимот повторно да освои шампионски прстен", рече тогаш Гасол.
























