Феноменот Џереми Лин продолжува со магијата |
Феноменот Џереми Лин продолжува со магијата
Магијата на Џереми Лин повторно проработе. Сензацијата од Њујорк му донесе победа на својот тим на гостувањето во Торонто со тројка во последна секунда.
| « врати се назад |

Рекордни за оваа сезона 20.092 гледачи дојдоа во Торонто да го проследат натпреварот на својата екипа против Њујорк, но најмногу заради новата сензација во НБА лигата, Џереми Лин. И имаа што да видат.
Лин постигна 27 поени и рекордни за него 11 асистенции, но магијата се случи на половина секунда пред крајот кога при резултат 87:87, тој постигна тројка и му ја донесе шестата победа во серија на својот тим.
Леброн Џејмс со 23 и Двејн Вејд со 16 поени беа најзаслужни за победата од 90:105 на Мајами Хит на гостувањето во Индијана со што по 33 години Мајами е првиот тим кој победил на три гостински натпревари во три денови.
Коби Брајант го одигра најслабиот натпревар оваа сезона, постигнувајќи само 10 поени, а во цело прво полувреме имаше мизерни 2 поени. Но на сцена стапи Гасол кој реализираше 20 поени и 13 скокови за победата на Лејкерс над Атланта со 86:78.
Торонто - Њујорк 87:90
Индијана - Мајами 90:105
Детроит - Сан Антонио 95:99
Мемфис - Хјустон 93:83
Чикаго - Сакраменто 121:115
Оклахома - Јута 111:85
Денвер - Феникс 109:92
Портланд - Вашингтон 109:124
ЛА Лејкерс - Атланта 86:78
























