Ads

Фени го освои Сарај

Фени го освои Сарај

Бранителот на титулата Фени индустри триумфира со 94:86 на гости кај Лирија во 3. коло од Суперлигата.

Фени го освои Сарај

Лирија ја имаше контролата врз резултатот и беше рамноправен противник до третиот период, кога и беше во водство, но преку Кирил Николовски, Душан Кнежевиќ и Соколов, гостите од Кавадарци не дозволија изненадување и славеа во третиот меѓусебен дуел против тимот од Сарај.

Кнежевиќ беше незапирлив со 27 коша, Кире Николовски придодаде 17 поени и осум скока, а 17 коша постигна и Соколов.

Во редовите на Лирија, најистакнат поединец беше Диме Тасовски со 23 поени, но во последниот период беше добро затворен од гостинските кошаркари.

Во натпревар со многу пресврти Торус го совлада Работнички со 75:67. Торус имаше и 16 поени предност во второто полувреме, но екипата од Градски парк со серија поени ја стопи предноста на домаќините на само еден поен (53:52).

Торус во финишот постигна седум поени во низа и со добра реализација од слободни фрлања стигна до победата.

Американецот Џастин Рејнолдс беше најефикасен со 21 поен и седум скока, додека кај Работнички, Зујовиќ уфрли 17 коша.

МЗТ и без повредениот Тоше Гечевски оствари победа на гости во Куманово од 98:83. Лидер на "металците" беше Ноа Далман со 24 поени, а Чековски придодаде 15 коша и 10 скока.

Милан Јанушевиќ беше прво име кај домашните со 29 поени и седум скока.

Резултати, 3 коло, Суперлига:

Лирија - Фени индустри 86:94

Торус СЦБТ - Работнички 75:67

Куманово - МЗТ Скопје 83:98


15. Февруари 2012 - 22:28
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk