Џордан го слави 49. роденден |
Џордан го слави 49. роденден
Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан денес го слaви 49. роденден.
| « врати се назад |

Легендарниот кошаркар во текот на 15 сезони во најсилната светска кошаркарска лига постави бројни рекорди, а освои шест титули со Чикаго Булс.
Во сите шест финални дуели Џордан беше прогласуван за најкорисен играч, пет пати МВП на лигата, 14 пати беше учесник на Ол стар викендот, 10 пати најдобар стрелец во лигата и еднаш најдобар дефанзивец.
Постигна вкупно 32,292 поени или просечно во текот на 15 сезони оствари 30,1 поени, 6,2 скока и 5,3 асистенции.
Среќен роденден легендо!
























