Џереми Лин му одржа лекција на Коби Брајант |
Џереми Лин му одржа лекција на Коби Брајант
Кој е тој Џереми Лин? Ова прашање веќе нема да го поставува Коби Брајант кој добро ја научи лекцијата откако Лин постигна 38 поени во победата од 92:85 на Њујорк Никс над ЛА Лејкерс.
| « врати се назад |

Џереми Лин докажува дека е новата ѕвезда во НБА лигата. По неколкуте неверојатни настапи во изминатиот месец, Лин постигна 38 поени, што претставува рекорд во неговата кариера.
Њујорк ги победи Лејкерс со 92;85 во Медисон Сквер Гарден и ја забележа четвртата победа откако не играат Мело и Стадемаер, но сега го имаат Лин.
Коби Брајант го потцени младиот кошаркар, изјавувајќи дека не е запознат со квалитетите на Лин, но сега добро го запозна 23-годишниот дебитант со диплома од Харвард. Коби Брајант го заврши натпреварот со 34 поени и 10 скокови, а Џереми Лин покрај 38 поени оствари и 7 асистенции и 4 скокови.
Филаделфија - ЛА Клиперс 77:78
Минесота - Далас 97:104
Орландо - Атланта 87:89 (78:78)
Њу Орлеанс - Портланд 86:94
Њујорк - ЛА Лејкерс 92:85
Јута - Оклахома 87:101
Мемфис - Индијана 98:92
Вашингтон - Мајами 89:106
Клилвенд - Милвоки 112:113 (102:102)
Детроит - Њу Џерси 109:92
Торонто - Бостон 86:74
Шарлот - Чикаго 64:95
























