Џејмс Џонс ги предводи тројкашите |
Џејмс Џонс ги предводи тројкашите
Бранителот на титулата од минатата година, Џејмс Џонс од Мајами Хит ќе ги предводи кошаркарите кои оваа година на „Ол стар“ натпреварот ќе се натпреваруваат за признанието за најдобар „тројкаш“ во НБА лигата.
| « врати се назад |

Крилниот центар на Мајами, Џејмс Џонс ќе се обиде да стане петтиот кошаркар кој две години по ред на „Ол стар“ натпреварите го освојува трофејот за најдобар реализатор на удари за три поени. Тоа во минатото им успеа на Марк Прајс, Џеф Хорначек, Џејсон Капоно и Предраг Стојаковиќ, а Лери Бирд и Крег Хоџс ја имаат освојувано оваа титула три години по ред.
Освен Џејмс, за титулата најдобар „тројкаш“ ќе се борат и Марио Чалмерс од Мајами, Џо Џонсон од Атланта, Кевин Лав од Минесота, домашниот Рајан Андерсон од Орландо и Ентони Мороу од Њу Џерси.
„Ол стар“ викендот оваа година ќе се одржи во Орландо, а натпреварот во шутирање тројки е закажан за 25 февруари, ден пред натпреварот на најголемите ѕвезди во НБА лигата.
























