Десетта победа во низа на Сан Антонио |
Десетта победа во низа на Сан Антонио
Во четирите одиграни натпревари во НБА лигата, Сан Антонио ја оствари десетата последователна победа, откако на гости славеше над ЛА Клиперс со 103:100 во продолжението.
| « врати се назад |

Клиперси ја имаа победа, но Крис Пол на девет секунди пред крај (95:92) ја загуби топката, а Гери Нил постигна тројка за дополнителни пет минути.
Во продолжението Нил повторно погоди тројка и го реши прашањето на победникот. Нил мечот го заврши со 17 поени, додека Тони Паркер реализира 30 коша за второ место на Спарси на Западот.
Кај Клиперси, Блејк Грифин уфрли 22, а Крис Пол поен помалку.
Чикаго без Дерик Роуз на домашен терен загуби од Њу Џерси со 85:97. Нетси во првите пет минути направија серија од 22:3, создадоа недостижна разлика и ја прекинаа серијата од осум порази. Најзаслужни за тоа беа Дерон Вилијамс со 29 поени и Крис Хемфрис со 24 коша и 18 скока.
Во отсуство на Роуз, најпрецизен кај "биковите" беше Карлос Бузер со 16 поени.
Мемфис со победничкиот кош на Тони Ален на 5,6 секунди до крај го совлада Голден Стејт со 104:103.
ЛА Клиперс - Сан Антонио 100:103 (во продолжение)
Чикаго - Њу Џерси 85:97
Мемфис - Голден Стејт 104:103
Портланд - Атланта 97:77
























