Ads

Булс и без Роуз подобри од Селтикс

Булс и без Роуз подобри од Селтикс

Само три натпревари беа одиграни во НБА лигата на кои Чикаго во дербито го совлада Бостон, Клиперс славеа во Портланд, а Индијана ја прекина лошата серија со победа над Њу Џерси.

Булс и без Роуз подобри од Селтикс

Чикаго Булс одиграа по четврти пат без Дерик Роуз, но тоа не беше пречка за нив да слават против Бостон Селтикс.

Домаќините имаа предност од 16 поени, но во последната четвртина Селтикс израмнија на 69:69. Сепак на крајот Чикаго славеше со 89:80.

Карлос Бузер и Луол Денг постигнаа по 23 поени за Чикаго, а Кевин Гарнет со 23 поени и 15 скокови беше најефикасен за Бостон.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Кошаркарите на Портланд и ЛА Клиперс не беа шутерски расположени и го одиграа најнеефикасниот за нив натпревар оваа сезона.

Домаќините имаа предност од цели 18 поени, најмногу заради неефикасноста на Крис Пол кој не постигна ниту еден поен во првите три четвртини. Но во последната четвртина Пол постигна 13 поени и Клиперс направија голем пресврт за на крајот да слават со 71:74.

Николас Батум и Џамал Крафорд постигнаа по 19 поени, а најефикасен во победничкиот табор беше Блејк Грифин со 21 поен и 14 скокови.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Дени Грејџер со 32 поени беше најзаслужен за победата на Индијана над Њу Џерси со 93:88 со што неговиот тим ја прекина лошата серија од пет порази.

Чикаго - Бостон 89:80
Портланд - ЛА Клиперс 71:74
Индијана - Њу Џерси 93:88


17. Февруари 2012 - 9:51

тагови

Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk