background image

Заради Дурент затворен ресторан во Оклахома

Ресторанот кој го носи името на НБА ѕвездата Кевин Дурент во Оклахома е затворен.



Но и тоа не чуди бидејќи Дурент ги избра Голден Стејт Вориорс и на некој начин ја предаде Оклахома.

Основачот на ресторанот КД, Хал Смит изјави дека ресторанот повторно ќе се отвори со некоја нова тема.
Инаку Кевин Дурент е сопственик на 25 проценти од овој ланец на ресторани. Нему Хал Смит му посака среќа во кариерата.

„Ми беше чест и забавно да работам со Дурент во последните години, а јас му посакувам се најдобро во новата екипа“, рече Хал.
Ресторанот ќе добие ново име, но концептот и менито ќе останат исти.

27-јул-2016 12:00