background image

Смртни закани за Кантер заради воениот удар

Турскиот кошаркар Енес Кантер доби неколку смртни закани преку Твитер заради обидот за воен удар во Турција.



Центарот на Оклахома Сити Тандер е симпатизер  на покретот Хизмет на чие чело се наоѓа муслиманскиот свештеник Фетулах Гулен, отворениот противник на режимот на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Гулен беше прво осомничениот како организатор на неуспешниот воен удар од пред неколку дена, тој тоа јавно го демантираше, но Кантер сепак е на мета на своите сонародници.

„Набрзо ќе умреш“, „Ќе бидеш погубен“, се само некои од пораките кои Кантер ги доби на Твитер.

Кантер пред неколку дена јавно изјави дека не е повикан во репрезентацијата на Турција за квалификациите за Олимписките игри заради своите политички ставови.

18-јул-2016 10:26