background image

Нема повеќе Hack-A Shaq

Во новата сезона на НБА лигата ќе има одредени технички промени на правилата, а секако најзначајна е онаа поврзана со стратегијата Hack-A Shaq.



Фамозното правило го доби името по легендарниот Шекил О Нил, кога играчите намерно го фаулираат најлошиот шутер на противничкиот тим, за да имаат можност да ја намалат разликата.

Но лигата одлучи дека споменатата стратегија нема да може повеќе да се користи, барем не тогаш кога е најважно.

Според новите правила, секој прекршок кој ќе се направи далеку од топката на две минути пред крај на четвртината ќе се смета за техничка грешка, па затоа ќе биде санкционирано со едно слободно фрлање и посед на топка на противничката екипа.

„Ова не е идеално решение, но одиме во правец да најдеме солуција за Hack-A Shaq проблемот. Новото правило барем во некоја мерка ќе го спречи правењето фаули во одредени ситуации со што ќе се намали и време траењето на натпреварите“, изјави комесарот на лигата Адам Силвер.

Најмногу на оваа одлука ќе се израдуваат Деандре Џордан, Андре Драмонд и Двајт Хауард. 

13-јул-2016 17:15