background image

Драгиќ се увери дека постојат чесни луѓе

НБА кошаркарот Горан Драгиќ почуствува на своја кожа дека се уште постојат чесни луѓе.



Драгиќ при летувањето во Хрватска го загубил новчаникот, но тој е пронајден и многу брзо вратен на НБА кошаркарот.

Новчаникот го пронашол сезонскиот комунален работник Марин Пирија, а во него се наоѓале голем број на кредитни картички, голема сума на готовина и лични документи, но сето тоа е вратено на Драгиќ.

Словенечкиот кошаркар паричникот го добил кога на комуналниот работник му завршила смената, а Драгиќ во знак на благодарност му оставил коверт со пари и број од телефон.

Комуналниот работник Марин Пирија подоцна заедно со своето семејство излегол на вечера со Драгиќ, а неговиот син добил и топка со потпис на популарниот кошаркар на Мајами Хит.

12-јул-2016 10:44