background image

Збогум од Данкан

По Коби Брајант кошаркарскиот свет остана без уште една легенда.



Тим Данкан официјално објави дека ја завршува  НБА кариерата. Сан Антонио Спарси веќе најдоа негова замена, па така ќе го наследи уште еден искусен центар Пау Гасол.

Тим Данкан беше прв избор на драфтот во 1997. година и сите 19 сезони ги мина во Спарси со кои освои пет шампионски титули (1999, 2003, 2005, 2007, 2014). Три пати беше избран за најкорисен играч МВО во финалето (1999, 2003, 2005), а два пати ја освојуваше МВП наградата за најдобар играч во сезоната (2002, 2003).

Со 26.496 поени во регуларниот дел Данкан го држи 17 место на листата на најдобри стрелци во историјата, со 15.091 скока е седми на сите времиња, со 3020 блокади го држи шестото место на вечната листа, додека со 1392 одиграни меча е на 8.место на сите времиња во НБА.

11-јул-2016 22:33