background image

Двејн Вејд се сели во Чикаго

Двејн Вејд договори соработка со Чикаго Булси и ќе потпише за клубот од родниот град двегодишен договор вреден 47,5 милиони долари.



Со тоа Вејд ја заврши 13-годишната кариера во Мајами Хит, до сега единствениот клуб за кој играше.

За да обезбедат доволно пари за договорот на Вејд, Булси го трејдуваа Хозе Калдерон во Лејкерси, а Мајк Данливи во Кливленд.

Ова лето Булси направија големи промени затоа што замина Дерик Роуз, а на позицијата плејмејкер ќе игра Ражон Рондо.
Покрај тоа на центарската позиција замина Пау Гасол, додека стигна Робин Лопез.

07-јул-2016 8:42