background image

Вориорси го враќаат Реј Ален од пензија

Голден Стејт не престанува да крева прашина во НБА лигата.



Денес се во центарот на вниманието затоа што според последните информации тимот од Оукленд преговара со ветеранот Реј Ален. Легендарниот шутер и најдобар тројкаш на сите времиња и натаму е во форма иако пред две години го одигра последниот натпревар во дресот на Мајами.

Стрелецот на 2.973 тројки (зад него се Реџи Милер и Џејсон Тери) ќе заработува нешто преку 1,5 милиони долари за една сезона доколку ја прифати понудата на Вориорси.
Како негови алтернативи се спомнуваат Марио Чалмерс и Кендрик Перкинс.

Реј Ален два пати освојуваше шампионски прстен. Со Бостон во 2008.година и со Мајами во 2013 година. Десет пати во кариерата играше на Ол стар, а има и златен медал од Сиднеј во 2000. година.

За потсетување Голден Стејт до сега ги ангажира Кевин Дурент, Заза Пачулија и Дејвид Вест.

06-јул-2016 11:24