background image

Данкан во пензија, на негово место Гасол!

Според извештаите од САД, легендарниот Тим Данкан реши да замине во пензија, а на негово место експресно е доведен шпанскиот ас Пау Гасол, кој наместо во Портланд потпиша двегодишен договор со Спарси за 30 милиони долари.



Гасол ќе има можност на крајот од сезоната да потпише повеќегодишен милионски договор, но и да стане слободен играч. Веста за Данкан се уште не е официјална, но според информациите од неговите блиски пријатели тој наскоро ќе ја обелодени во јавноста.

Гасол ќе учествува на Олимписките игри во Рио за Шпанија, а потоа ќе му се приклучи на новиот тим.

Данкан во текот на својата кариера имаше просек од 19 поени и 10,8 скока. Во минатата сезона одигра 61 натпревар и забележа 8,6 поени и 7,3 скока по меч за нешто повеќе од 25 минути на терен.

05-јул-2016 12:00