background image

Дурент потпиша за Голден Стејт!

Кевин Дурент се реши да му стави крај на својот настап во дресот на Оклахома Тандер и да премине во редовите на финалистот на НБА лигата Голден Стејт Вориорс.



По оваа трансфер „бомба“ Воините стануваат уште посилен тим, кој ќе биде неверојатно тешко да се совлада во плејофот, како што тоа им појде од рака на кошаркарите на Кливленд Кавалирс, кои во последното финале триумфираа со 4:3 во победи.

Дурент во досегашниот дел од кариерата имаше просечен учинок од 27,4 поени и седум скока, а изјави дека е свесен за тоа што многумина од неговите навивачи во Оклахома Сити сега ќе бидат лути и разочарани.

По ангажманот на Дурент, од тимот на Голден Стејт ќе си замине Харисон Барнс, но затоа и наредната сезона во ростерот ќе бидат феноменалните Стефон Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.

04-јул-2016 18:33