background image

Пау Гасол во Портланд за 40 милиони долари

Шпанскиот ветеран Пау Гасол од наредната сезона ќе го носи дресот на Пoртланд Трејлблејзерс.



Гасол со екипата од Орегон договори двегодишен договор според кој Портланд ќе му плати 40 милиони долари.

За неколку дена Пау ќе наполни 36 години, но ниту тоа не му пречеше на Портланд да му понуди огромна сума пари.

Одличниот шпански кошаркар кариерата ја почна во Барселона. Во НБА лигата стигна во 2011. година како трет пик на Мемфис, а покрај овој тим заигра и за ЛА Лејкерси и Чикаго Булс.

Со Лејкерси освои две шампионски титули, а шест пати играше и на ОЛ стар мечот.

04-јул-2016 13:41