background image

Леброн го руши рекордот на Џордан?

Леброн Џејмс можно е да потпише прв договор во историјата на НБА лигата вреден 200 милиони долари.



Како што беше очекивано Кралот Џејмс ја искористи опцијата во договорот ова лето да стане делумно слободен играч, откажувајќи се од сигурни примања од 24 милиони долари.

Како и во случајот со Кевин Дурент, Леброн ќе потпише нов едногодишен договор со Кливленд Кавалирс вреден 27,5 милиони долари, што е за околу 3,3 милиони помалку отколку што би можел да добие од некој друг клуб за повеќегодишна соработка.

Но веќе следното лето шампионите во НБА лигата ќе стекнат апсолутно право на Леброн Џејмс, а со оглед на најавеното зголемување на селари капот, ќе може да му понудат петгодишна соработка вредна меѓу 201 и 205 милиони долари.

Во тој случај Џејмс во сезоната 2017/18 би земал 35 милиони долари со што ќе го сруши рекордот на Мајкл Џордан, кој пред 19 години од Чикаго Булс зема два милиони помалку.

Воедно трикратниот шампион и МВП во големото финале би станал првиот играч чија заработка надминува 40 милиони долари по сезона, колку што би инкасирал во 2019.година.

30-јун-2016 16:59