background image

Симонс прв пик на драфтот

Бруцошот од универзитетот LSU, Бен Симонс е избран за прв пик на годинешниот драфт и НБА кариерата ќе ја почне во Филаделфија.



Еден од најлошите тимови во НБА, 76-ките добија крилен играч кој според проценките на стручњаците има способност да асистира како Меџик Џонсон и Леброн Џејмс, поседува одлично чуство за скок, главно напаѓачко оружје му е пробивот со лице накај кошот, но има очаен шут.

На колеџ одигра само една сезона во која на 33 меча оствари учинок од 19,2 поени и скоро 12 скока и 5 асистенции.

Втор пик на драфтот е Брендон Инграм кој ќе замине во Лејкерси, Џелејн Браун ќе се пресели во Селтикси, младиот хрватски репрезентативец Драган Бендер е избран како четврти пик и заминува во Феникс Санс, а првите пет ги комплетира плејмејкерот Крис Дан кого го избраа Вулфси.

24-јун-2016 8:43