background image

Никси прават „пеколен“ тим

Дерик Роуз е трејдуван од Чикаго во Њујорк Никс.



Американските медиуми објавуваат дека Никси покрај Роуз ќе го добијат Џастин Холидеј и првиот пик од втората рунда на драфтот, а на спротивната страна во Чикаго ќе заминат Робин Лопез, Хозе Калдерон и Џеријан Грент.

Роуз во текот на кариерата имаше огромни проблеми со повредите на колената, а минатата сезона оствари просек од 16,4 поени, 3,4 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

Во 2011. година Роуз беше избран за МВП на лигата, а три години претходно беше избран за прв пик на драфтот.
Со овој потег Никси прават голема тројка која ја сочинуваат Роуз, Кармело Ентони и Порзингис.

На мета на клубот од „Големото јаболко“ се уште два доскорешни играчи на Булси, Жоаким Ноа и Пау гасол, како и Двајт хауард кој реши да ги напушти Рокетси. Идејата е да дојде еден од нив, затоа што не би имале простор во селари капот за повеќе од тоа.

23-јун-2016 10:00