background image

Леброн ги замолкна хејтерите

За време на финалната серија против Голден Стејт, Леброн Џејмс беше тивок на социјалните мрежи, но по освојувањето на титулата се огласи и ги замолкна критичарите.



„Ми велеа дека сум изгубил еден чекор и дека не сум експлозивен како некогаш, дека најдобрите денови се зад мене, се сомневаа во мојата мотивираност, во моето лидерство и мојата посветеност“, почна Џејмс да набројува се што го нервирало од враќањето во Кавси.

„Ми велеа дека немам убиствен инстикт, дека тоа што се вратив дома е најлоша грешка во мојата кариера, ми велеа дека јас сум го отпуштил тренерот, трејдувал играчи, дека нема да функционираме со Кајри, меѓу мене и Кевин Лов, нема шанси тој да донесе титула дома. Но претпоставувам дека сето тоа нема врска со мене“, додаде Леброн.

Освен на Инстаграм, најдобриот играч на денешницата се отвори и пред новинарите.

„Нема да наведувам имиња, но кога решив да го напуштам Мајами, некои луѓе со кои изградив доверба за време на тие четири години ми велеа дека ја правам најголемата грешка во кариерата. И тоа срање ме повреди. И свесен сум дека беа под емоции кога тоа ми го велеа, но тоа беше мојата мотивација“.

Џејмс го освои третиот шампионски прстен во кариерата, прв со Кливленд со победата во мајсторката против Вориорси од 93:89.

21-јун-2016 9:12