background image

„Кралот“ Џејмс му донесе титула на Кливленд

Кливленд Кавалирси станаа НБА шампиони за прв пат во клупската историја, со неверојатен пресврт против Голден Стејт Вориорс.



Тимот од Охајо славеше во Оукленд во решавачкиот седми натпревар со 93:89 и стана првата екипа која успеала да се врати по 3-1 негатива.

Во драматичен финиш Кајри Ирвинг погоди тројка во последната минута, Кари не успеа да врати, а Леброн Џејмс со половичен учинок од слободни фрлања му донесе голема радост на Кливленд.

Токму кралот Џејмс беше еден од најзаслужните со трипл-дабл учинок од 27 поени, 11 скока и 11 асистенции, додека Кајри Ирвинг придодаде 26 поени.

Најрасположен во составот на Стив Кер беше Дрејмонд Грин со 32 поени, а Стеф Кари уфрли 17 поени со очаен шут од игра (2/5 за два и 4/14 за три).

Леброн по трет пат во кариерата го освои МВП признанието.


 

20-јун-2016 11:32