background image

Леброн за мајсторка

Решавачки седми меч ќе се игра во финалето од НБА лигата, откако кошаркарите на Кливленд Кавалирс го израмнија резултатот на 3:3 во победи, во дуелот со Голден Стејт Вориорс.



Утринава коњаниците предводени од Леброн Џејмс дојдоа до триумф во шестиот натпревар од финалето, со резултат од 115:101. „Кралот Џејмс“ имаше учинок од 41 поен, осум скока, 11 асистенции, четири украдени топки и три блокади. Повторно му појде од рака да го „залепи“ најдобриот кошаркаш на светот Стефон Кари.



Џејмс воедно е и вториот кошаркаш по Шекил О‘Нил, кој успеал на два меча по ред да постигне по 40 или повеќе поени.



На другата страна Кари уфрли 30 поени, но мораше да го напушти мечот на шест минути пред крајот, поради проблеми со лични грешки и тоа веројатно беше клучен фактор за поразот на Воините.

Мајсторката ќе се игра во Оукленд на теренот на шампионот, а закажана е за понеделник наутро.

17-јун-2016 10:04