background image

Конечно победа за кошаркарите

Македонската кошаркарска репрезентација со победа го заврши настапот на меѓународниот турнир во Сужоу, Кина.



По поразите од Иран и Литванија, македонските репрезентативци го совладаа колеџ тимот на САД со 69:67. Известувачите од лице место говорат за тоа дека мечот бил решен во последната секунда, кога нашиот центар Младеновски погодил кош од одбојка, за победа на Македонија.

На овој турнир нашата селекција настапи во комбиниран состав, предводен од тројцата Американци кои што се потенцијални репрезентативци, како и со Ратко Варда, кој сосема неочекувано го облече македонскиот дрес.

Ова беше и прва можност за новиот селектор Драган Раца, да се запознае во прво лице со дел од репрезентативците, се разбира оние што се согласија да појдат на кинеската турнеа.

16-јун-2016 18:15