background image

Кошаркарите поразени и од Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и вториот натпревар на турнирот во Сужоу, Кина.



По вчерашниот пораз од Иран, денеска нашите кошаркари загубија од селекцијата на Литванија со 69:85.

Најистакнати во нашиот состав беа американските кошаркари, кои што конкурираат за влез во репрезентацијата. Најефикасен беше Џовани Де Вудс со 24 поени, додека Тимс и Хауард уфрлија по 14.

Треба да се напомене дека Македонија на овој турнир замина во комбиниран состав, без присуство на поголемиот дел од стандардните првотимци.

За утре е закажан дуелот со комбинираниот состав на САД.

15-јун-2016 17:33