background image

Пораз на стартот од Иран

Комбинираниот тим на македонската кошаркарска репрезентација загуби од Иран со 80:75 на стартот на силниот интернационален турнир во Сужоу, Кина.



Избраниците на селекторот Раца одлично го отвориле мечот со искусниот тим на Иран, првите десет минути нашиот комбиниран тим ги доби со 19:18, но во вториот период Иран прави пресврт и на полувреме заминува со убедливи 44:31.

Во продолжението со многу подобра игра во одбрана и дисциплиниран напад  „црвено- жолтите“ ја намалуваат предноста на противникот, сепак немаат сили за комплетен резултатски пресврт.

Утре од 15 часот пред Македонија е дуелот од 2 коло во групата Б против селекцијата на Литванија.

14-јун-2016 17:28