background image

Леброн и Кајри ја одложија журката на Воините

Кливленд Кавалирс на големо изненадување успеа да ја намали предноста на Голден Стејт Вориорс на 3:2 во победи, во големото финале на НБА.


Коњаниците триумфираа во Оракл арената во Оукленд со 112:97, а Леброн Џејмс и Кајри Ирвин постигнаа по 41 кош, успевајќи да внесат малку неизвеснот во финалето. 
 
Можеби овој блесок на најголемите ѕвезди на Кавалирс е само одложување на неминовното, а тоа е уште еден трофеј за фаворизираниот противник, но затоа љубителите на кошарката утринава имаа шанса да проследат натпревар кој без проблем може да биде вметнат во редот на најквалитетните мечеви во историјата.
 
Ова беше само четвртиот пораз за Воините на домашен терен сезонава, а шанса за освојување на втората последователна титула сега ќе имаат во наредниот меч, кој ќе се игра во Кливленд како што впрочем беше случај и во ланската финална пресметка на двата тима.
 

 
14-јун-2016 9:45