Вардар несопирлив во Анталија |
Вардар несопирлив во Анталија
И на вториот контролен натпревар во Анталија, фудбалерите на Вардар забележаа победа, совладувајќи го полскиот првоолигаш Рух Хорзов со убедливи 3:0.
| « врати се назад |

Според официјалната вебстрана на ФК Вардар, во текот на целиот натпревар фудбалерите на Вардар доминирале со својата игра, а со добрата реализација потврдија дека полека влегуваат во голгетерска форма.
По дваесетина минути игра Филип Ивановски, најдобриот стрелец на Вардар во есенскиот дел од сезоната, го отворил резултатот и му донел водство на Вардар од 1:0. Во продолжение на првото полувреме Вардар не реалиизирал уште неколку шанси за гол.
На самиот старт на второто полувреме Вардар поведе со 2:0 преку голот на новото засилување Златко Таневски, а конечниот резултат го поставил Мирослав Вајс со гол во 61-та минута.
Следниот контролен натпревар Вардар ќе го одигра во недела кога се среќава со бугарскиот клуб Славија Софија.
























