Сити сигурен, седумка на Арсенал |
Сити сигурен, седумка на Арсенал
Во последниот натпревар од 24. коло на Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити славеше со 3:0 над Фулам и со 57 бода се издвои на чело на табелата.
| « врати се назад |

По десет минути игра, Сити поведе со погодокот од пенал на Серхио Агуеро, а по половина час Берд си постигна автогол.
Конечниот резултат го постави Един Џеко со својот 12. гол во Премиер лигата во оваа сезона во 72. минута.
Арсенал го декласира Блекбурн со 7:1, а хет-трик постигна капитенот Робин ван Перси. Стрелец на два гола беше младиот Алекс Окслејд Чембрлен, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Артета и Тјери Анри.
Задачата на "топчиите" им беше олеснета, бидејќи Блекбурн од 43. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Гаел Живе.
Премиер лига, 24. коло:
Сабота:
Арсенал - Блекбурн 7:1
(Ван Перси 2,38,62, Окслејд-Чембрлен 40,52, Артета 51, Анри 90+2 - Педерсен 32)
Норич - Болтон 2:0
(Шурман 70, Пилкингтон 85)
КПР - Вулверхемптон 1:2
(Замора 16 - Џарвис 46, Дојл 71)
Стоук - Сандерленд 0:1
(МекКлин 60)
ВБА - Свонси 1:2
(Форчун 54 - Сигурдсон 55, Грејем 59)
Виган - Евертон 1:1
(Невил (авт) 76 - Аничебе 83)
Манчестер Сити - Фулам 3:0
(Агуеро 10(п), Берд 30(авт), Џеко 72)
Недела:
Њукасл - Астон Вила 14:30ч
Челси - Манчестер Јунајтед 17ч
Понеделник:
Ливерпул - Тотенхем 21ч
Табела: Манчестер Сити 57 бода, Манчестер Јунајтед 54, Тотенхем 49, Челси 42, Арсенал 40, Њукасл 39, ливерпул 38...
























