Ads

Сите го сакаат Хари

Сите го сакаат Хари

Главен фаворит за наследник на Фабио Капело на селекторската фотелја во Англија според обложувалниците е Хари Реднап. Но не само според обложувалниците. Тој ја има поддршката и од Фергусон, Венгер, Далглиш...

Сите го сакаат Хари

Од моментот кога Капело поднесе оставка од функцијата селектор на Англија, Хари Реднап се наоѓа под огромен притисок.

Скоро цела Британија е едногласна дека искусниот менаџер на Тотенхем е идеален за оваа функција. Тој најпрвин се дистанцираше од селекторската позиција, но во меѓувреме го промени ставот.

„Ми годи тоа што моите колеги имаат добро мислење за мене, но во моментов сум фокусиран на работата со Тотенхем“, изјави Реднап и го најави проблемот.

Во Англија е незамисливо селекторот на репрезентацијата во исто време да биде и менаџер на клуб, па или Реднап ќе мора да поднесе оставка или пак Фудбалската асоцијација ќе мора да направи отстапка.

Ривалот на Реднап од Лондон, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не гледа ништо спорно во тоа Реднап да ја задржи функцијата во Тотенхем и да го преземе националниот тим. Според него, најважно е наследникот на Капело да биде Англичанец и се согласи дека Реднап е идеален избор.

Менаџерот на Ливерпул, Шкотланѓанецот Кени Далглиш најпрво се пошегува дека единствен логичен избор би бил неговиот сонародник Алекс Фергусон, но потоа даде сериозен одговор:

„Хари Реднап би бил фантастичен избор“.

Во меѓувреме својот глас за Реднап го даде и самиот Фергусон, но тој напомена дека е тешко да се води и репрезентација и клуб. Фергусон потсети дека тој им лошо искуство кога како менаџер на Абердин ја предводеше и репрезентацијата на Шкотска.

Сепак не навлегувајќи во тоа дали Реднап би работел паралелно во Тотенхем и репрезентацијата, тој изјави:

„Тој е идеален и би бил вистински избор. Некој помлад тренер не би можел да го работи тоа“.


10. Февруари 2012 - 21:30

тагови

Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk