Само бод за Баерн и Шалке |
Само бод за Баерн и Шалке
Во дерби натпреварот од Бундеслигата, Хамбург и Баерн одиграа нерешено 1:1.
| « врати се назад |

Домашните поведоа во 23. минута со погодокот на Јакоб Сала, а Баварците и покрај слабата игра изедначија во 71. минута преку хрватскиот напаѓач Ивица Олиќ.
На домашен терен киксираше Шалке, кој ремизира со Мајнц (1:1). Македонскиот репрезентативец Николче Новески одигра цел натпревар за гостите, кои поведоа во 14. минута со голот на Мохамед Зидан.
Домаќините изедначија во 59. минута со погодокот на Обаси.
Ваквиот епилог најмногу му одговара на актуелниот првак Борусија Дортмунд, кој во петокот славеше со 2:0 над Нирнберг.
Леверкузен и Штутгарт ги поделија бодовите, играјќи 2:2. "Фармацевтите" на два пати водеа, но Харник во последната минута му донесе бод на Штутгарт.
Бундеслига, 20. коло
Петок:
Нирнберг - Борусија Дортмунд 0:2
(Кел 48, Бариос 82)
Сабота:
Баер - Штутгарт 2:2
(Кислинг 11, Ролфс 47(п) - Шајбер 23, Харник 90)
Херта - Хановер 0:1
(Абделае 68)
Хофенхајм - Аугсбург 2:2
(Млапа 38, Фирмино 52(п) - Молдерс 31, Лангкамп 72
Шалке - Мајнц 1:1
(Обаси 59 - Зидан 14)
Волфсбург - Борусија Мехенгладбах 0:0
Хамбург - Баерн 1:1
(Сала 23 - Олиќ 71)
Недела:
Фрајбург - Вердер 15:30ч
Кајзерслаутерн - Келн 17:30ч
Табела: Борусија Дортмунд 43, Шалке 41, Баерн 41, Борусија Мехенгладбах 40, Вердер 31, Баер 31, Хановер 30...
























