"Росонерите" лесно со Чезена |
"Росонерите" лесно со Чезена
Екипата на Милан полесно од очекувањата ја совлада Чезена со 3:1 и за помалку од 24 часа се врати на чело на табелата во Серија А.
| « врати се назад |

Ослабениот италијански првак дојде во водство во 29. минута преку Мунтари, кој ја искористи одбиената топка од Антониоли и ја смести во мрежата.
Веќе следната минута Милан поведе со 2:0 со првенецот на Урби Емануелсон.
Во второто полувреме Робињо ја круниса акцијата на Абате, а почесниот погодок за домаќините го постигна Чехот Пудил.
Рома се врати на победите и славеше со 1:0 над Парма, а мечот го реши Борини со голот во 26. минута.
Изненадување направи Киево, кој на "Мараси" ја порази Џенова со 1:0 со погодокот на Французинот Теро, на асистенција од капитенот Пелисие.
Лече - Сиена 4:1
(Муриел 32, Ди МИкеле 68п, Куадрадо 82, Бривио 90+4 - Дел Гросо 25)
Новара - Аталанта 0:0
Џенова - Киево 0:1
(Теро 30)
Чезена - Милан 1:3
(Пудил 65 - Мунтари 29, Емануаелсон 30, Робињо 55)
Рома - Парма 1:0
(Борини 26)
Удинезе - Калјари 0:0
Палермо - Лацио 5:1
(Барето 10, Донати 20, Силвестре 42, Будан 47, Миколи 51 - Козак 83)
























