Реал Мадрид замрзна во 93-та минута |
Реал Мадрид замрзна во 93-та минута
Реал Мадрид имаше шанса да извојува победа уште на првиот натпревар во Москва, но ЦСКА успеа да израмни со голот на дебитантот Вернблум во третата минута од судиското продолжение.
| « врати се назад |

ЦСКА го пречека Реал Мадрид пред 70.000 гледачи на за нив топли -5 во Москва на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони.
Во првиот дел од натпреварот двете екипи имаа свои шанси, но Реал Мадрид имаше мала теренска иницијатива и заслужено на одморот заминаа со предност од 0:1.
„Кралевите“ дојдоа до водство во 28-та минута кога по нафрлувањето на Коентрао од левата страна, Зоран Тошиќ не успеа да ја отстрани опасноста и му ја намести топката на Роналдо кој го постигна својот 36-ти погодок на 35 одиграни натпревари оваа сезона.
Фудбалерите на Реал Мадрид ја имаа контролата на теренот и во второто полувреме и успешно го чуваа водството, а креираат и неколку шанси пред голот на ЦСКА, но Рамос, Каљехон и Роналдо не успеаја да го зголемат водството.
Казната за пропуштените шанси стигна во последната секунда. Се играше третата минута од судиското продолжение кога по едно нафрлување од десната страна, дебитантот Понтус Вернблум со волеј удар израмни на 1:1.
Реванш натпреварот во Мадрид ќе се одигра на 13 март.
Лига на шампиони, 1/8 финале:
Баер Леверкузен - Барселона 1:3
Олимпик Лион - АПОЕЛ 1:0
Милан - Арсенал 4:0
Зенит - Бенфика 3:2
вторник:
ЦСКА Москва - Реал Мадрид 1:1
Вернблум 93 - Роналдо 28
Наполи - Челси
среда:
Марсеј - Интер
Базел - Баерн Минхен
























