Реал ја избрка Барселона од Мадрид |
Реал ја избрка Барселона од Мадрид
Во финалето на Кралскиот Куп се пласираа екипите на Барселона и Атлетик Билбао, со што фудбалската федерација на Шпанија се најде пред голем проблем откако стадионот на Реал Мадрид, Сантјаго Бернебеу кој беше главен фаворит за одигрување на финалето ја повлекува својата кандидатура.
| « врати се назад |

Атлетик Билбао и Барселона, најтрофејните екипи од шпанскиот куп, повторно ќе се сретнат во финалето на ова натпреварување. Последен пат тие играа во финалето во 2009-та година на стадионот Местаља во Валенсија, а овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што режисерот го прекина телевизискиот пренос кога навивачите на двете екипи во присуство на кралот на Шпанија ја исвиркаа шпанската химна.
Организаторите на финалето, како и „кралскиот клуб“, Реал Мадрид и нивните навивачи не сакаат тоа да се повтори и тоа на нивниот стадион, па се уште не се знае каде ќе се одигра финалето.
Според шпанските медиуми, мадриѓаните не би можеле да го поднесат славјето на најголемиот ривал Барселона на нивниот стадион доколку тие го освојат трофејот.
Дополнителен проблем е безбедноста и датумот на одигрување. Доколку Барселона не се квалификува во финалето на Лигата на шампиони, тогаш финалето на купот ќе се одигра на 20. мај, ден по финалето на ЛШ. Навивачите на Реал Мадрид се надеваат дека нивниот клуб ќе го освои трофејот од најелитното европско натпреварување, по што тие нема да можат да одржат прослава на својот стадион. Од истата причина се исклучува и можноста финалето да се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид, Висенте Калдерон.
Други опции за одигрување на финалето се стадионот Местаља во Валенсија, како и Камп Ноу во Барселона.
























