Рамос за победа на Реал, Меси повторно погодува |
Рамос за победа на Реал, Меси повторно погодува
Реал Мадрид ја одржува предноста од седум бода над Барселона, откако и двете екипи забележаа победи.
| « врати се назад |

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо стравуваше од Хетафе, затоа што тоа е тимот која ја совлада Барселона.
Сепак кралскиот клуб не дозволи изненадување (1:0), рано стигна до водство кое го задржа до крајот на мечот. Стрелец на победничкиот гол беше Серхио Рамос во 18. минута.
По три последователни нерешени меча, Барселона на Ноу Камп беше подобра од Реал Сосиедад со 2:1.
Барса поведе веќе во 9. минута преку Кристијан Тељо, а по неколкуте промашувања на домашните фудбалери, голгетерскиот пост го прекина Лионел Меси со погодок во 72. минута.
Веќе во следниот напад Вела го искористи невниманието на каталонската одбрана и намали на 2:1, но до крајот немаше изненадување.
Во возбудлив натпревар Атлетик Билбао и Еспањол одиграа 3:3, додека минимална победа забележа Мајорка во дуелот против Бетис.
Примера, 21.коло:
Атлетик Билбао - Еепањол 3:3
(Маркос 26, Љоренте 58, Мартинез 65 - Ромарик 33, Вајс 48, Албин 90)
Леванте - Расинг Сантандер 1:1
(Коне 23 - Арана 61)
Мајорка - Бетис 1:0
(Кастро 24)
Хетафе - Реал 0:1
(Рамос 18)
Барселона - Реал Сосиедад 2:1
(Тељо 9, Меси 72 - Вела 74)
Недела:
Хихон - Осасуна 12ч
Севилја - Виљареал 18ч
Сарагоса - Рајо Ваљекано 19:45ч
Атлетико Мадрид - Валенсија
Понеделник:
Гранада - Малага 21ч
Табела: Реал 55, Барселона 48, Валенсија 36, Леванте 32, ЕСпањол 32, Атлетик Билбао 30...
























