Пандев и Наполи поразени во Сиена |
Пандев и Наполи поразени во Сиена
Наполи на Горан Пандев претрпе пораз од 2:1 на гостувањето кај Сиена на првиот полуфинален натпревар од италијанскиот куп.
| « врати се назад |

Екипата на Сиена славеше победа во првиот полуфинален натпревар, но Наполи си ги зачува шансите за пласман во финалето благодарение на автогол во финишот.
Фудбалерите на Наполи беа поактивни на теренот во првиот дел, но домаќините дојдоа во водство во 42-та минута со голот на Реџиналдо.
Наполи продолжи да напаѓа, но не ги искористи своите шанси, а казната пристигна во 66-та минута кога Д'Агостино го зголеми водството на 2:0.
Гостите продолжија со притисокот кон голот на Сиена и во 86-та минута Лавеци центрираше во шестнаесетникот, а таму Песоли во обид да ја расчисти опасноста ја испрати топката во сопствената мрежа и го постави конечниот резултат.
Горан Пандев одигра 71 минута пред да биде заменет од Варгас, а во 18-та минута заработи жолт картон.
Реванш натпреварот во Неапол ќе се одигра на 21 март.
Сиена - Наполи 2:1
Реџиналдо 42 Д'Агостино 67 - Песоли 86аг
























