Навивачки немири во Чешка |
Навивачки немири во Чешка
Неколку навивачи и тројца членови на обезбедувањето беа повредени за време на натпреварот од чешката лига помеѓу Млада Болеслав и Острава.
| « врати се назад |

По долгата зимска пауза, почетокот на првенството на Чешка беше одбележан со голем инцидент на натпреварот помеѓу Млада Болеслав и Острава.
Додека фудбалерите на двете екипи на полувремето од натпреварот се упатуваа кон соблекувалните, еден гостински навивач влезе во теренот, но веднша беше сопрен од обезбедувањето. Неколку домашни навивачи го искористија тој момент и го претепаа беспомошниот навивач.
Но веднаш возратија и навивачите на Острава. Тие решија да се реваншираат на обезбедувањето и брутално претепаа неколкумина, а ситуацијата ја смируваа припадниците на специјалната полиција.
Инцидентите продолжиле и надвор од стадионот, а во официјалниот извештај е наведено дека тешко се повредени тројца членови на обезбедувањето, а бројот на повредени навивачи не е познат.
























