Ads

Наполи ја продолжи агонијата на Челси

Наполи ја продолжи агонијата на Челси

Наполи оствари предност од два голови на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони откако го совлада Челси со 3:1 и покрај тоа што гостите први поведоа. Дали е ова крајот на Боаш?

Наполи ја продолжи агонијата на Челси

Дали Роман Абрамовиќ се уште има трпение и доверба во Андре Вилаш Боаш или Лавеци и Кавани му го потпишаа отказот?

Фудбалерите на Наполи ја имаа теренската иницијатива во почетниот дел од натпреварот, но одличниот Чех успеа да ги скроти ударите на Кавани, Маџо и Хамшик.

Казната за пропуштените шанси пристигна во 27-та минута. Гостите од Лондон го открија резултатот со голот на Хуан Мата кој ја искористи катастрофалната грешка на Канаваро и биеше за 0:1.

Но радоста на Челси траеше само десет минути откако Езекил Лавеци израмни со прекрасен удар од далечина, во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме, Наполи направи целосен пресврт. Стрелец на вториот погодок за Наполи беше Единсон Кавани и тоа со рамо.

По неискористените шанси на Челси од страна на Кејхил и Дрогба, домаќините стекнаа предност од два голови во 65-та минута. Кавани успеа да му избега на Луиз и го проигра Лавеци на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата за конечни 3:1.

Горан Пандев доби шанса во финишот на натпреварот кога влезе во игра на местото на Хамшик во 82-та минута.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Лига на шампиони, 1/8 финале:

Баер Леверкузен - Барселона 1:3
Олимпик Лион - АПОЕЛ 1:0
Милан - Арсенал 4:0
Зенит - Бенфика 3:2

вторник:
ЦСКА Москва - Реал Мадрид 1:1
Вернблум 93 - Роналдо 28
Наполи - Челси 3:1
Лавеци 37 65, Кавани 45 - Мата 27

среда:
Марсеј - Интер
Базел - Баерн Минхен


22. Февруари 2012 - 0:03
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

22
највисока темп.
19
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk