Наполи и Пандев решаваат за отказот на Боаш |
Наполи и Пандев решаваат за отказот на Боаш
Продолжуваат осминафиналните натпревари од Лигата на шампиони. Ќе продолжи ли добрата форма на Реал Мадрид и во ледената Москва? Ќе успее ли Наполи на нашиот Горан Пандев да му го врачи отказот на Андре Вилаш Боаш?
| « врати се назад |

Реал Мадрид направи голема предност од 10 поени во однос на Барселона и се наоѓа на чекор до освојување на титулата во шпанската Примера, па сега тимот на Мурињо може да се фокусира и на освојување на титулата од Лигата на шампиони.
Првата станица на патот на Реал Мадрид кон четвртфиналето од најелитното европско натпреварување е ледената Москва.
Поларната температура сигурно ќе биде голема предност за ЦСКА, но хендикеп за рускиот тим е што ова ќе биде нивни прв натпревар по долгата зимска пауза.
Тренерот на домаќините исто така има проблеми околу составување на тимот заради неколку повредени и суспендирани фудбалери, па се очекува Реал Мадрид да ја продолжи својата добра форма од 27 победи на последните 30 натпревари.

Екипата на Челси пред почетокот на сезоната беше вбројана помеѓу фаворитите за совојување на титулата во Премиер лигата, но во овој момент се наоѓа на петтата позиција со 17 поени помалку од лидерот. Откако сите шанси за титулата во Англија се загубени и откако Челси победи само на два од последните десет натпревари, стана јасно дека тренерот Андре Вилаш Боаш ќе си го спасува работното место преку позитивен резултат од Лигата на шампиони.
Но Боаш ќе има тешка задача во Неапол. Неизвесни се Џон Тери и Ешли Кол, а тренерот на Наполи, Валтер Мацари ги има сите фудбалери на располагање, но тој нема да може да ја предводи екипата заради суспензијата од натпреварот против Виљареал.
Тимот на Горан Пандев нема пораз на домашен терен на европските натпреварувања во последните 16 години и со уште еден успех би можеле да му го врачат отказот на Боаш.
Лига на шампиони, 1/8 финале:
Баер Леверкузен – Барселона 1:3
Олимпик Лион – АПОЕЛ 1:0
Милан - Арсенал 4:0
Зенит - Бенфика 3:2
вторник:
Наполи - Челси
ЦСКА - Реал Мадрид 18ч
среда:
Марсеј - Интер
Базел - Баерн Минхен
























