"Милионерите" со трите бода од Нирнберг |
"Милионерите" со трите бода од Нирнберг
Во првиот натпревар од 20. коло на Бундеслигата, актуелниот шампион Борусија Дортмунд славеше со 2:0 на гостувањето против Нирнберг и привремено се искачи на првото место на табелата, пред Баерн и Шалке кои утре ги играат своите натпревари.
| « врати се назад |

Во првото полувреме и двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа.
Сепак бранителот на титулата во вториот дел стигна до бодовите, а резултатот го отвори Себастијан Кел во 48. минута.
Сите надежи дека Нирнберг ќе стигне до реми ги сруши Парагваецот Лукас Бариос на осум минути пред крај на мечот, откако искористи грешка во домашната одбрана.
Нирнберг - Борусија Дортмунд 0:2
(Кел 48', Бариос 82')
Сабота 20. коло, 15:30ч:
Леверкузен - Штутгарт
Шалке - Мајнц
Хофенхајм - Аугсбург
Волфсбург - Мехенгладбах
Херта - Хановер
18:30ч Хамбург - Баерн
Недела:
15:30ч Фрајбург - Вердер
17:30ч Кајзерслаутерн - Келн
























