Ads

Манчестер Јунајтед му се одмазди на Ливерпул

Манчестер Јунајтед му се одмазди на Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во големото англиско дерби го совладаа Ливерпул со 2:1 и им се одмаздија на ривалите за елиминацијата од ФА купот минатиот месец. Дербито беше одбележано со искри пред, за време и по натпреварот.

Манчестер Јунајтед му се одмазди на Ливерпул

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул уште не беше ни започнат, а веќе летаа искри на теренот. По суспензијата од седум натпревари заради расистички навреди над Патрис Евра, во почетниот состав за Ливерпул се најде и Луис Суарез. Тој одби да се ракува со Евра, што предизвика гневна реакција од страна на Французинот кој го повлече Суарез за рака, но соиграчите и судијата ја смирија ситуацијата.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Ливерпул кога Глен Џонсон се проби по десната страна, но неговиот удар заврши на само неколку сантиметри покрај левата статива.

На спротивната страна најсериозната шанса во првото полувреме ја имаше Пол Сколс, но Реина го одбрани неговиот удар со глава во 31-та минута.

За време на паузата за полувремето од натпреварот, во тунелот пред соблекувалните, Евра и Суарез влегле во нов дуел, а се приклучиле и нивните соиграчи по морале да интервенираат обезбедувањето и полицијата.

Домаќините дојдоа до големо водство од два гола во рок од три минути на самиот старт од второто полувреме. По корнер во 47-та минута, топката дојде до Руни кој со волеј удар ја смести топката во мрежата. Во 50-та минута Валенсија украде една топка и го проигра Руни кој искочи сам пред голманот Реина и без проблеми зголеми на 2:0.

Ливерпул ја врати неизвесноста во 80-та минута кога во 80-та минута Рио Фердинанд не успеа да ја исконтролира топката и му ја препушти на Луис Суарез кој од близу го совлада Де Хеа.

Фудбалерите на Ливерпул во продолжението од натпреварот се обидоа да дојдат до израмнување, но во финишот Де Хеа успеа да одбрани добар удар од Џонсон и натпреварот заврши со победа на Манчестер Јунајтед од 2:1.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

На останатите натпревари, Арсенал со голот на Тиери Анри во 91-та минута го победи Сандерленд со 2:1, Челси падна на гостувањето кај Евертон (2:0), Тотенхем го декласираше Њукасл со 5:0, а победи забележаа и Норич, Виган, Блекбурн и Фулам.

Премиер лига, 25. коло

сабота:
Манчестер Јунајтед - Ливерпул 2:1
Руни 47, 50 - Суарез 80

Блекбурн - Квинс Парк Ренџерс 3:2
Јакубу 15, Нзонзи 23, Онуоха 44аг – Меки 71, 90

Болтон - Виган 1:2
Дејвис 67 – Калдвел 43, Мекартур 76

Евертон - Челси 2:0
Пиенар 5, Стракуалурси 71

Фулам - Стоук Сити 2:1
Погребњак 16, Соренсен 28аг – Шоукрос 78

Сандерленд - Арсенал 1:2
Меклин 70 – Ремзи 75, Анри 90

Свонси - Норич 2:3
Греем 23, 87 – Холт 47, 63, Пикингтон 51

Тотенхем - Њукасл 5:0
Асу-Екото 4, Саха 6, 20, Крањчар 34, Адебајор 65

недела:
Вулверхемптон - ВБА 14:30ч
Астон Вила - Манчестер Сити 17:00ч


11. Февруари 2012 - 16:46
Ads

Изјава

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

15
највисока темп.
3
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk