Манчестер Јунајтед ќари најмногу од ЛШ |
Манчестер Јунајтед ќари најмногу од ЛШ
Од создавањето на Лигата на шампиони во 1992-та година, англискиот гигант Манчестер Јунајтед заработил најмногу пари од сите европски фудбалски клубови.
| « врати се назад |

На самиот почеток на Лигата на шампиони во сезоната 1992/93, УЕФА како награден фонд за клубовите одвои скромни 38 милиони евра. Оваа сезона 32 клубови кои се пласираа во Лигата на шампиони ќе поделат 754,1 милиони евра. Секој од клубовите само со пласманот во групната фаза има загарантирана добивка од 7,2 милиони евра, без разлика на резултатите.
413 милиони ќе им бидат поделени на клубовите во зависнот од остварените резултати, а 341 милион ќе бидат поделени во зависност од маркетиншкиот удел. Така на пример минатата сезона Манчестер Јунајтед од Лигата на шампиони заработи 53,2 милиони евра, а на победникот Барселона му припаднаа 51 милион.
Од досегашниот 20 сезони на Лигата на шампиони, Манчестер Јунајтед учествувал 19 пати и само од настапите во најелитното европско натпреварување клубот има заработено 400 милиони евра.
На втората позиција според заработката е Баерн Минхен со 346,8 милиони евра, а следат Барселона и Реал Мадрид со 317,9 односно 316,9 милиони евра.
Заработка од Лигата на шампиони (1992-2011)
1. Манчестер Јунајтед - 400 милиони евра
2. Баерн Минхен - 346,8
3. Барселона - 317,9
4. Реал Мадрид - 316,9
5. Арсенал - 298,9
6. Челси - 276,5
7. Милан - 269,5
8. Лион - 248,6
9. Интер - 237,3
10. Јувентус - 211,1
























