Македонската лига помеѓу најслабите 10 во 21 век |
Македонската лига помеѓу најслабите 10 во 21 век
Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика ја рангираше македонската Прва лига помеѓу најслабите 10 европски лиги според резултатите остварени во 21 век.
| « врати се назад |

Според рангирањето на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), македонската Прва фудбалска лига се наоѓа на 38-та позиција од вкупно 48 лиги во Европа.
Македонската Прва лига на ова рангирање има 2.709 поени, а една позиција пред нас е Кипар со 2.743 поени. За утеха е тоа што зад нас се лигите на Северна Ирска, Албанија, Ерменија, Исланд, БиХ, Азербејџан, Казахстан, Велс, Малта и Луксембург.
На првото место со 12.619 поени е англиската Премиер лига, пред шпанската Примера, италијанската Серија A и германската Бундеслига, а помеѓу најдобрите 10 се и фудбалските лиги на Франција, Холандија, Португалија, Белгија, Грција и Турција.
Рангирањето е направено според резултатите постигнати од 2001-та до 2011-та година на петте најдобри клубови од секоја лига, а во предвид се земени резултатите на клубовите во домашните и интернационалните натпреварувања.
























