Кутриот Нејмар |
Кутриот Нејмар
Бразилскиот талент Нејмар викендов го постигна својот 100-ти гол во кариерата, а соиграчите од Сантос на интересен начин го одбележаа овој негов јубилеј.
| « врати се назад |
Нејмар да Силва Сантос Жуниор или едноставно Нејмар во својата кариера има постигнато 82 голови за екипата на Сантос, осум за сениорската репрезентација на Бразил, девет за репрезентацијата до 20 години и еден за репрезезентацијата до 17 години. Тоа се вкупно 100 голови на 186 натпревари.
Неговите соиграчи од екипата на Сантос добро го одбележаа овој јубилеј. Тие му направија торта, односно го направија Нејмар торта, прекривајќи го со брашно и чоколаден прелив.
Погледнете дел од мајсториите на Нејмар:
























